Наш ИзборНаш изборОхрид

20 медали за струшкиот џудо клуб од Меѓународниот натпревар во Ниш, Србија

Неверојатен викенд за нашиот џудо клуб! 20  медали донесени во Струга

Нашите млади џудисти заблескаа на Државното првенство за “Деца” и “Кадети”, освојувајќи вкупно 16 медали, и 4 медали на меѓународниот натпревар во Ниш Р. Србија.

Во категорија “Деца” освоивме 4 златни , 5 сребрени  и 3 бронзани  покажувајќи го својот талент и одлучност.

 

Во категоријата Кадети имајќи во предвид дека иако најголемиот дел од нашите џудисти кој настапија беа една категорија помлади (пионери) сите го даваа својот максимумот против жестоката конкуренција, и нивниот труд беше за пофалба, освојувајќи 2 сребрени  и 3 бронзени  медали, што го прави нивниот успех уште по импресивен!

 

На меѓународната сцена во Ниш, Србија, нашите џудо шампиони со стопроцентен учинок го крунисаа и така успешниот ден освојувајќи 2 златни  и 2 бронзани  медали.

Големи честитки на нашите џудисти за нивните извонредни резултати! Како и благодарност за целото посветено џудо семејство наречено ЏК Дрим Струга.

Иднината за нас е светла и загарантирана, и сме горди да продолжиме по тој пат сите заедно.