вторник, ноември 19, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Факултетот за туризам и угостителство дел од проектот „MORIN“ кој се однесува на „Интеграцијата на мигрантите“ како регионален сеопфатен приоритет

MORIN – Mobility Recognition for Integration –Препознавање мобилност за интеграција е проект кој вклучува повеќе земји, и се однесува на „Интеграцијата на мигрантите“ како регионален сеопфатен приоритет.

Фокусот е на академското препознавање на студентската мобилност врз основа на резултатите од учењето како иновативен педагошки пристап, неопходен и релевантен, за поврзување на работата со образованието.


Тоа треба да се постигне преку:
– обезбедување на транспарентност на наставната програма
– споредување на наставните програми
– флексибилност за подобрување на процедурите за признавање и трансфер на студии
– ревидирање на содржината на курсевите, методологиите и оценувањето за да се обезбеди учење насочено кон студентот и ориентирано кон вештини

На овој начин, ќе се даде меѓународна, глобална димензија на наставната програма со цел зајакнување на соработката меѓу ВОИ на WB6 (Албанија, Македонија, Косово, Србија, БИХ и Црна Гора), за размена на студенти и интрарегионално вработување и поврзување.

Ги следиме овие меѓусебно поврзани патеки на дејствување:

– развивање документи и алатки за воспоставување заеднички регионален пристап за академско признавање,
– интернационализирање на наставната програма преку глобални резултати од учењето
– инкорпорирање мобилност
– воспоставување институционални процедури за признавање на мобилност преку кредит трансфер систем, преку усвојување модел на резултати од учењет за подобрување на транспарентност, квалитетна настава и учење за потребните вештини во иднина, со цел – мобилност и комплетирање на ингеренциите преку трансфер на кредити.

Во рамките на проектот ќе се спроведе регионално мапирање. Ќе се развие алатка за препознавање/признавање на мобилност за самооценување, регулативи за признавање на ниво на целата институција, упатства за академско признавање преку LO (резултати од учење)
– ќе се препишуваат резултатите од учење(LO) од најмалку 5 курсеви, од две студиски програми на ВОУ,
– ќе се препишуваат 5 практики за препознавање, по една од секоја ВОУ,
– ќе се симулираат и споредуваат со реалните во рамките на конзорциумот
ќе се организираат работилници за обука и вебинари за градење на капацитетите на академскиот кадар за подобрување на практиките за препознавање/признавање

Високо-образовните институции на Западен Балкан, односно, професорите и студенти, се јавуваат како директни корисници.

Другите универзитети на ЗБ, министерства, креатори на политики, експерти за ВО, треба да да ги искористат резултатите од овој проект и да ги интегрираат во нивните содржини за високо образование.

Проектот МОРИН се очекува да трае 24 месеци, почнувајќи од 1 декември 2023 година. Бараниот придонес на ЕУ за проектот е 400.000,00 евра. Преку својот сеопфатен пристап и соработка помеѓу повеќе засегнати страни, МОРИН има за цел да донесе позитивни промени во академското препознавање на студентската мобилност и да ја промовира интеграцијата меѓу мигрантите во регионот.