вторник, ноември 19, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Горд сум што како резултат на нашата голема посветеност и заеднички ангажман обезбедивме финансиска стабилност и подобри услови за работа на ЈП „Никоградба“

Горд сум што како резултат на нашата голема посветеност и заеднички ангажман обезбедивме финансиска стабилност и подобри услови за работа на ЈП „Никоградба“.
Новите работни простории на претпријатието, кои се сместени во зградите на поранешната касарна се опремени по најсовремени стандарди и значително ќе ги подобрат условите за работа на вработените и услугите кои ги испорачуваат кон граѓаните.
Со финалното раздолжување, ова јавно претпријатие веќе нема застарени обврски, што значи дека ќе може да работи рентабилно и да реализира нови проекти. Покрај раздолжувањето од 10 милиони денари, во ова претпријатие во последниот период направени се инвестиции за набавка на нови комунални возила. Беше набавен трактор со цистерна за фекалии со носивост од 6000l, комбе Фургон со агрегат за чистење на канализација во товарен простор и нов багер – натоварувач.
Од денеска граѓаните за своите потреби ќе може да се обратат во новите канцеларии на претпријатието. Во објектот и просторот на улицата „Железничка“ кои претходно ги користеше ЈП „Нискоградба“, покрај механизацијата на ова претпријатие ќе биде сместена и механизацијата на ЈП „Охридски Комуналец“ и ЈП „Водовод“.
Локалната самоуправа продолжува да работи на консолидација и стабилизирање на финансиската состојба во сите општински јавни претпријатија, подобрување на условите за работа и обезбедување на подобар квалитет на услугите, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.