АктуелноОхрид

Охриѓани со емотивни пораки се сеќаваат на претседателот Борис Трајковски

На ликот на Борис Трајковски, немаат право патиите. Ниту една !!!
Имаше и “граѓанинот” и обид за државен удар и уште многу омаловажувања, сплетки, лаги и интриги. До последниот ден.
Лицемерието не престанува, сѐ зголемува, а денес особено, од интерес. Кој сѐ, сѐ поистоветува со него, да беше жив, ќе му се гадеше.
Дузини изградија кариери на неговата смрт. Вистина има една, но, никој не сака да ја чуе денес.
Сѐ уште е рано за неа, напиша на својот ФБ профил поранешниот повеќекратен македонски и југословенски шампион во Карате и Кендо, основач на македонската кендо федерација и поранешниот советник на претседателот Златко Кескоски.

Претседателот Борис Трајковски засекогаш ќе остане длабоко врежан во македонската колективна свест, напиша на својот ФБ профил професорот на ФТУ Климент Наумов.