Наш ИзборНаш изборОхрид

Соопштение по повод именденот на Епископот Антаниски г. Партениј

П

разнувајќи го споменот на нашиот Отец меѓу Светиите Партениј Лампсакиски Чудотворец, како и по повод именденот на нашиот почитуван старец и игумен, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, Свештената Бигорска Обител Ве поканува сите заедно да го прославиме овој светол спомен.

– понеделник, 19 февруари 2023 –

❈ 

Во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба, на која ќе присуствува и Неговото Преосвештенство, Епископот Аморејски и Игумен на Свештената Обител на Влатадите во Солун г. Никифор, од Вселенската Патријаршија.

По Вечерната богослужба, во чест на именденот на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј предвидено е соборно дружење и послужение во свечениот манастирски синодикон.

 

 

– вторник, 20 февруари 2023 –

Во 06:30 часот ќе започне Утрената богослужба.

❈ 08:45 часот, пречек на надлежниот Митрополит, Неговото Високопреосвештенство, г. Тимотеј Плаошки и Дебарско-кичевски.

❈ 09.00 часот часот ќе започне Светата архиерејска Златоустова Литургија.

Благослов да присуствуваат имаат сите коишто сакаат да го прослават споменот на Свети Партениј Лампсакиски, заедно со нашето монашко братство и сестринство. За многу години!

 

Бигорски манастир