Од денеска јавното претпријатие „Нискоградба“ е одблокирано и исто како општина Охрид веќе нема долгови и ќе функционира отворено и ќе може да врши инвестиции. Тој процес некаде во 2011 започна кога се формира за прв пат јавното претпријатие, 2 години го водеше локална самоуправа од СДСМ, во 2013 година значи за само 2 години во презедовме како локална самоуправа со еден милион и двеста илјади евра долг и веќе од денешен аспект после 2 и пол години, исто, на истиот принцип како што ја раздолживме општината, го раздолжуваме односно го одблокираме јавното претпријатие „Нискоградба“ исто така голем момент, истакна градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
Овој принцип на работа нема да застане тука. Ќе најавам дека во иднина ќе продолжиме со работа и со останатите јавни претпријатија и носења на една позитивна финансиска состојба која што ќе дозволи за понатамошно инвестирање, не само во претпријатијата туку и понатаму.
Дополнително на одблокирањето на јавното претпријатие „Нискоградба“ го префрламе во нови простории, а постоечките сега ќе биде центар на механизацијата на Комуналец, Водовод и Нискоградба, зборувам на улицата Железничка каде што е седиштето на јавно претпријатие Нискоградба, а во овие две години имаме инвестиција од 15 милиони денари за механизација во истото јавно претпријатие. Така да се напредува буквално секое јавно претпријатие и сметам дека во иднина овој пат кој што го зацртавме ќе го продолжиме и ќе донесе многу позитивни моменти како за нас како општина, така и за граѓаните кои ги користат услугите од јавните претпријатија.