АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Пецаков: Решаваме 30 децениски проблем за Горно и Долно Лакочереј, проект вреден 30 милиони денари

Денеска покрај овој многу значаен проект за Горно и Долно Лакочереј, а во перспектива и за Орман кои живеат тука и проект кој што се ветувал низ изминатите 30-тина години дека ќе биде завршен. Ние како локална самоуправа уште со самото доаѓање, првата работа која ја направивме беше да нарачаме проект, втората извадивме одобрение и веќе од денешен аспект имаме проект во вредност од 30 милиони денари кои што преку 22 милиони денари ќе биде обезбеден од буџетот на општина Охрид, а 8 милиони го аплициравме и добивме средства од страна на Министерството за животна средина, истакна градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Ова е начинот на кој што покрај овој проект за кој за години се разговарал ќе делуваме и во иднина, проекти за кои што за години се разговарале, а се од суштинско значање и секако дека временските услови дозволија и почеток и секако дека се надевам дека во многу скоро време ќе го завршиме овој проект и луѓето ќе можат конечно во 21 век да имаат од месноста зборам, од местата од Горно и Долно Лакочереј да имаат канализација. Покрај овој проект ќе имаме презентација на уште неколку тековни проекти кои што се отпочнати, а не се завршени и кој што се завршени и проекти кои што ќе отпочнат во делот на касарната, а којшто досега не сме имале можност да ги видиме и да ги презентираме пред јавноста. Така да еден плоден и богат ден, за понатака ќе ги оставиме влезовите на Охрид од страна на Битола, улицата 7-ми ноември и влезот на Охрид од страна на Струга, стариот пат за Струга, улицата Гоце Делчев каде што на двете улици се прави комплетна реконструкција. На тој начин тие се едни од поголемите проекти и во текот на наредниот период  едната улица ќе биде завршена до текот на летната сезона, останата ќе биде ставена пред текот на сезоната мислам на улицата Гоце Делчев во функција, а ќе биде продолжението после 1-ви септември односно завршетокот на туристичката сезона.
Овие се неколку проекти за кои што сакавме денеска да ги презентираме пред граѓаните и ќе ги презентираме, меѓутоа овој секако и денеска затоа сме тука е од суштинско значање, голема вредност која што општина Охрид ја покрива и децениско  односно тридецениско побарување на граѓаните и решавање на нивните суштински проблеми.

И за крај секако сакам уште една голема работа за општина Охрид и за мене како градоначалник и мојот тим да ја кажам, а претходно ја имав најавено. Од денеска јавното претпријатие „Нискоградба“ е одблокирано и исто како општина Охрид веќе нема долгови и ќе функционира отворено и ќе може да врши инвестиции. Тој процес некаде во 2011 започна кога се формира за прв пат јавното претпријатие, 2 години го водеше локална самоуправа од СДСМ, во 2013 година значи за само 2 години во презедовме како локална самоуправа со еден милион и двеста илјади евра долг и веќе од денешен аспект после 2 и пол  години, исто, на истиот принцип како што ја раздолживме општината, го раздолжуваме односно го одблокираме јавното претпријатие „Нискоградба“ исто така голем момент.

Овој принцип на работа нема да застане тука. Ќе најавам дека во иднина ќе продолжиме со работа и со останатите јавни претпријатија и носења на една позитивна финансиска состојба која што ќе дозволи за понатамошно инвестирање, не само во претпријатијата туку и понатаму.

Дополнително на одблокирањето на јавното претпријатие „Нискоградба“ го префрламе во нови простории, а постоечките сега ќе биде центар на механизацијата на Комуналец, Водовод и Нискоградба, зборувам на улицата Железничка каде што е седиштето на јавно претпријатие Нискоградба, а  во овие две години имаме инвестиција од 15 милиони денари за механизација во истото јавно претпријатие. Така да се напредува буквално секое јавно претпријатие и сметам дека во иднина овој пат кој што го зацртавме ќе го продолжиме и ќе донесе многу позитивни моменти како за нас како општина, така и за граѓаните кои ги користат услугите од јавните претпријатија.