сабота, ноември 23, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Кривични пријави и предлог за отстранување од работа за две лица од ПС за ГП Ќафасан за примање поткуп

Ставаме крај на селективното постапување и ја засилуваме борбата против корупцијата и криминалот во полициските редови. Во таа насока, министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против две лица – полициски службеници од ПС за ГП Ќафасан поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „Примање поткуп“, напиша на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во продолжение објавата ја пренесуваме во целост:

Согласно сознанијата добиени врз основа на преземените оперативни активности од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, првопријавениот примил парични средства за да изврши дејствие кое не смеел да го изврши, додека второпријавениот му помогнал да не биде откриен, односно ги сокрил инкриминираните дејствија. Покрај кривичната пријава за лицата ќе биде поднесен предлог за отстранување од работните места.
Како министер секогаш ќе се залагам за одговорно работење и посветена борба против корупцијата, бидејќи нашите сограѓани заслужуваат професионална, одговорна и посветена полиција која ќе биде нивен сервис.