АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Охридскиот плоштад преполн за дочекот на Новата 2024 година

Охридскиот плоштад преполн за дочекот на Новата 2024 година. Весело, раздвижено, распејано… Се пее во еден глас.

Задолжени за забавата вечерва се Бендот „ДНК“, естрадните уметници Нино Величкоски, Татијана Стефановска, како и ди-џеите Јана Слеј и Багзи

Денеска на плоштадот се одржува музичко-театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“.

Забава во центарот на Охрид ќе има и на 1 јануари, со настапот на групата „Балкан џем“ и Драган Мијалкоски, предвидена да почне од 12 часот.

Хотелските капацитети за Новогодишните празници се исполнети, особено оние со помал број легла. Помалите сместувачки објекти се речиси стопроцентно исполнети, се чува само по некоја соба колку за сместување свои коминтенти, додека однапред резервираните аранжмани се речиси распродадени.

Поголемите хотели на брегот на Охридското Езеро оваа година слично и на изминатите, ќе работаат за празниците како преку аранжмани,така и врз база на индивидуални посети, но без да организирааат дочек на Новата година. Понудата е различна, зависно категоријата на објектот, но цените се слични на минатогодишните, односно приближно 50 евра за ноќевање со појадок, до некаде 200 евра за тридневен полн пансион со свечена вечера за дочекот на Новата година.

Помалите хотели се целосно закупени и тоа најмногу со гости од соседните држави, од кои најбројни традиционално се оние од Србија, но и од Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора. Гости ќе има и од подалечни дестинации, од европските земји, но во помал број.

https://www.youtube.com/watch?v=q051X7wXAD4&ab_channel=Ohrid1%2FNews1