Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и СВР Охрид, и оваа година ќе го реализираа превентивниот проект „Новогодишни лампиони за среќна Нова година“. Во рамки проектот што стартуваше во 2008 година, полициските службеници на охриѓани и гостите кои во Охрид ќе ги прославуваат новогодишните празници, им подарија новогодишни лампиони како знак за пријателство и добредојде со желби за среќна Нова година. Притоа, полициските службеници на возачите на моторни возила, ги потсетија на потребата од внимателно управување на возилата, почитување на сообраќајните правила и прописи, некористење алкохол и мобилни телефони при управување со моторни возила, придонес за стабилен јавен ред и мир, со цел, беспрекорна безбедност за време на Новогодишната ноќ и претстојните празници.