Наш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Црква посветена на Светата маченичка Варвара во Варош, Охрид

Света великомаченица Варвара — македонски православен храм, кој се наоѓа во срцето на стариот дел на градот Охрид, веднаш до влезот на античкиот театар, на главната улица „Илинденска“, која води кон горната порта на Самолиовата тврдина.

Изградена е во 1965 година. На самото место постоело камарче во кое стоела иконата на св. в-мца Варвара, кое што и денес постои на северниот ѕид.

После уривањето на придружните објекти и демонтирањето на иконостасот на црквата “Св. Јован” – Канео, истиот е монтиран во оваа црква, а иконите се сместени внатре во црквата со цел да се заштитат.

wikipedia.org