Наш ИзборНаш изборОхрид

МВР: Повредени две лица во синоќешната сообраќајна незгода на регионалниот пат Охрид- Свети Наум

На 17-ти декември 2023 година, во 01:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 40-годишно лице од охридското село Велгошти, и патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишно лице од селото Долно Коњско. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Сузуки“ и неговиот соаптник, 28-годишно лице од Охрид, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид и Општа болница во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.