Македонија

Палевски ја градел зградата во која живеела и каде ја киднапира Вања

Љупчо Палевски е контроверзен бизнисмен и политичар чиј животен пат и кариера минуваат низ повеќе различни фази и сосема спротивставени улоги. Заедно со познати архитекти и функционери важи за еден од творците на т.н. „урбана мафија“ бидејќи на јавна сцена за неговото име првпат се слуша кога се менуваат урбанистичките планови за скопско Дебар Маало и од мали семејни куќички во срцето на Скопје почнуваат да никнуваат згради. И објектот на ул. „Н.Н. Борче“ пред кој беше киднапирана Вања Ѓорчевска го градеше Палевски.

Симбол на тој „градежнички“ период е изградбата на објектот „Тифани“. Со него булеварот „Партизански одреди“ за подолг период станува ќор-сокак бидејќи тој лежи врз неговата траса од која според плановите треба да понира и да излезе пред т.н. Комплекс банки. Кревањето на ова здание го означува и крајот на неговиот ангажман во оваа област за кој силата му ја дава блискоста со структури во СДСМ, кој во тој период е предводен од Црвенковски, што подоцна и излегува на површина со фактот дека станува прв човек на градската организација на партијата.

Новата власт во него гледа одличен пример за да ја егзекутира предизборно најавената правда, но на чуден начин борбата завршува со уривање на потпокрив и ателје на еден од изградените објекти (на ул. „Пиринска“) благодарејќи на блискоста која се раѓа меѓу него и тогашните ресорни министри од кабинетот на Георгиевски, но и со неговиот познаник од детството, Сашо Мијалков. Тие врски траат и се корисни дури и во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ е најпотентна, во времето кога со партијата, а подоцна и со Владата раководи Никола Груевски.

Палевски прави неколку обиди, некои поуспешни некои помалку успешни, да стане медиумски магнат.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk

фото: Љупчо Палевски / Фото: Фејсбук