На состанок на Извршниот одбор на СДСМ Охрид , одржан на 6 ноември се отворила жестока дискусија за тоа како пратеничката Жаклина Лазареска останала сама во Фејсбук нападот врз Пецаков кој сама го започна , и сама остана до крај, без ниту еден лајк , споделување или коментар од членовите на СДСМ во Охрид, без поддршка од ниту еден функционер од партијата поставен на директорска позиција или избран во Советот на општина Охрид.
На состанокот прв пат се проговорило дека никој од оние кои се поставени на фунцкии не лајкуваат, не споделуваат и воопшто никаде ги нема кога се отвораат политички расправи на интернет или во медиумите, и никаде ги нема кога се случува конфронатција на Жаклина Лазареска, која за воља на вистината е единствен функционер од СДСМ кој јавно цели две години се конфронтира и изнесува критики кон естаблишментот во Охрид предводен од ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков.
ДАЛИ ЖАКЛИНА Е СТАМЕНА СДСМОВСКА ХЕРОИНА – ЕДИНСТВЕНА ОД СДСМ ОХРИД КОЈА НЕ ОДИ ВО ВМРО НА БАЦИ РАКА И ПРАВЕЊЕ ЛИЧЕН АРАНЖМАН ЗА СПОКОЈ ПОСЛЕ ИЗБОРИ ? !
Како СДСМ Охрид стигна до ова ниво, цели две години да не постои пример некој друг партиски функционер од Општинската Организација во Охрид да нема напишано ни еден статус контра ВМРО ДПМНЕ, и само Жаклина Лазареска да е единствена и целосно сама оставена на „бојното поле“ без поддршка од никој од директорите ( кои имаат големи плати, добиваат многу бенефиции, проекти и слично ) , а никаде ги нема кога треба да се мрдни со еден прст и да се кликне лајк.
Нејзините активности се целосно игнорирани од медиумите во Охрид кои едноставно ја имаат заборавено ( или од други интереси се прават дека таа не постои ) па ни еден нејзин став не се пренесува во јавноста.
Чесно би било да се каже дека порталот сопственост на директорот на библиотеката во Охрид еднаш годишно објавува вест за тоа дека Жаклина имала роденден, а понекогаш може да се види и дека објавил и некоја нејзина изјава, но се работи за мал, дури минијатурен медиум кој е далеку од мејнстрим медиум има микро импакт во јавноста.
И така оставена целосно сама без никаква помош од сопартијците и соборците таа продолжува да се бори и јавна тајна е дека таа сигурно е единствената која во ниту еден момент не праќала сигнали кон ВМРО ДПМНЕ Охрид, и сигурно не е бидена да преговара и разговара за лични бенефити ако го премолчи, преспие и замолчи во периодот во кој е извесно дека партијата СДСМ ќе доживее дебакл на изборите.
Но, ако таа не оди на „баци рака“ сите други одат. Јавна тајна е во Охрид дека целиот естаблишмент од директори во Охрид веќе или бил на средба со со локалниот врв на ВМРО ДПМНЕ, или чека средба, или праќа сигнали дека посакува средба со врвот на локалното ВМРО ДПМНЕ во Охрид, а својот молк, не активноста и криењето во јавноста е еден вид „виза“ која треба да ги отвори портите кон власта во Охрид, а во 2024 и кон новата власт во државава.
СДСМОВЦИТЕ ПО 2017 УЧЕА ОД НАЈ ЛОШИТЕ ВМРОВЦИ
Дека кадрите на СДСМ кои се изнаредија по 2017 цело време сакаат да се како одредени кадри на ВМРО ДПМНЕ , говорат токму и овие редови за „прием“ и правење „договори“ со врвот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид и Скопје.
Тие при обидите да дојдат до средба со врвот на партијата во Охрид се водат од логиката на дејствување која ја имаа одредени функционери од ВМРО ДПМНЕ кога се ближеа изборите и крајот на владеењето на Груевски, па се бараа посредници кои за нив ќе обезбедат средби со некој од СДСМ, било да е некој од понизок ешалон во Охрид или од врвот на партијата во Скопје.
Самите тие спомнуваат неколку примери на луѓе од ВМРО ДПМНЕ кои беа експоненти , на позиции и располагаа со одредена моќ, а се понудиле и сработиле за СДСМ, со цел да останат мирни и спокојни, па сега и тие сакаат да го прават тоа, да го преспијат периодот , да не мрднат со прст за СДСМ и да си обезбедат мир и спокој потоа.
СДСМ СЕ РАСПАЃА – СЕ ШПИОНИРА СЕКОЈ СО СЕКОГО
Состаноците во СДСМ многу лесно стигнуваат во медиумите. Тоа така било од секогаш, а сега тоа е еден вид „спорт“ на функционерите кои не знаат како да се додворат до ВМРО ДПМНЕ, па паралелно неколку присутни се трудат да обезбедат непобивни дигитални докази за тоа што се прави внатре.
Можеби е паметно Полицијата да изврши заплена на мобилните телефони на сите кои присуствувале на пример на состанокот од 6 ноември па да ги вештачи телефоните. Тоа би било опција секако доколку некој не носел со него по примитвна опрема, како MP3 плеер купен пред 10 години, кој е застарена техника за вештачење.
ЛАЗАРЕСКА КОНТРА ОХРИД1.
Пратеничката Жаклина Лазареска по објавата на Охрид1 се огласи на официјалната Фејсбук страна и покажа солидарност со оние за кои се расправало на состанокот во СДСМ дека „ со прст не мрднале за неа“ . Таа настапи со тврдење дека одамна не читала „такви портали“. Постот го пренесуваме во целост:
Автор Љ. Таневски / ФОТО Собрание на Р. Македонија