Со пригодна свеченост, денес во Младинскиот центар беа одбележани 79 години од ослободувањето на Охрид.
Благослов е да се живее во слобода. Тој благослов пред 79 години ни го подарија најхрабрите и најдобрите македонски синови, учесници во големата Народно ослободителна борба и дозволете ми во оваа прилика во името на Општина Охрид и во свое лично име, да искажам неизмерна благодарност кон сите учесници во Народно ослободителната војна, а посебно кон оние херои кои пред 79 години, на Охрид конечно му ја подарија слободата.
Денес 79 години потоа, жртвата на нашите херои не обврзува, да ја сочуваме и збогатуваме слободата со нови содржини кои ги наметнува современието. Ако идеалот на нашите илинденци и партизани беше национална слобода, денес слободата во Македонија треба да се освојува во секој сегмент од живеењето и работењето за секој граѓанин. Верувам дека ние како генерација успешно се справуваме со овој предизвик, а со тоа се ставаме на страната на демократските и просперитетни државни заедници. Исто така, уверена сум дека како локална власт ги правиме најдобрите чекори за развој на Охрид и негово уште поцврсто етаблирање на мапата на најпрепознатливи светски дестинации.
Свеченоста беше збогатена со културно уметничка програма и фото изложба со мотиви од Охрид, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.