АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

НЕМА СУДИИ – Одложени сите натпревари во општинската фудбалска лига

Денес се одложени сите фудбалски натпревари во општинската фудбалска лига на општините Охрид и Дебрца каде играат клубови од овие две општини во една лига. Ваквиот исход доаѓа од како било констатирано дека нема судии кои би ги сиделе натпреварите.

Лигата на Охрид и Дебрца и претходно имаше проблеми со обезбедување судии, бидејќи скоро никогаш немаше по тројца судии на натпревар ( како што е пропишано ) туку по еден судија, а ретко по двајца судии.

Инаку судиите денес биле ангажирани да судат во детската лига.

ВО ОХРИД НЕДОСТАТОК НА СЕКАКВИ КАДРИ

Охрид последниве години има проблем со обезбедување кадар во сите полиња. Од работна сила во фабрики, супер маркети, хотели, до фудбалски судии, судии во основниот суд, доктори, медицински сестри и т.н.