АктуелноОхрид

Колку ќе чини ревизијата на патната делница Кичево – Охрид?

Од понеделник ќе се екипира најавената ревизија за евентуално раскинување на договорот со кинески „Сино Хидро“ за изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој се гради повеќе од 10 години.

Ревизијата треба да констатира пропусти и отсуство на геотехнички и геомеханички испитувања на земјиштето, објави ТВ 24. Ќе се проверува фактичката состојба на терен и ќе се споделуваат мислења со експерти од градежниот сектор

На Првата конференција за патна инфраструктура што се одржува во Охрид, премиерот Димитар Ковачевски порача дека ќе побара ревизија на договорот со кинеската компанија Синохидро за изградба на автопатската делница од Охрид до Кичево.

– Сметам дека е недозволиво еден автопат од 40 километри да се гради над десет години и се уште да не биде направен, притоа да се бара повторно продолжување што треба да оди пред пратениците. Од таа причина ќе побарам ревизија на овој проект, и со оглед на тоа што проектот од низа на причини не е завршен десет години, сметам дека треба да се размислува и во насока на раскинување на договорот и барање изведувач што ќе го изгради на квалитетен начин, а не да гледаме десет години да се прави пат, да се инвестираат пари, а да нема досега пуштен ниту еден метар од автопатот, рече Ковачевски.