Во ловиштето „Питон“ на планината Караорман затекнати се елени кои се бореле за територија, но заглавиле со роговите во „клин“ од кој не можеле да се ослободат.
Едниот елен во моментот кога стигнале луѓето веќе бил мртов, додека другиот се обидува да се ослободи.
На крај еленот бил ослободен со сечење на роговите на мртвиот елен, по што панично побегнал во дивината.