Мало маче кое се појавило на коловозот во кружниот тек кај поранешна „Охридска Банка“ предизвика сообраќајна незгода и застој во сообраќајот.
Две возила се судрија, а мачето потоа истрча под друго возило, чиј сосптвеник му го спаси животот од како го извлече од под возилото и го стави внатре, на совозачкото седиште, а потоа замина со возилото и мачето како совозач.
За среќа во незгодата немаше повредени, а причинета беше мала материјална штета. Секако среќа имаше и малото маче.
Видео: Ohrid1.com