Наш ИзборНаш изборОхрид

Подмладокот на Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец Охрид, по стапките на Христијана Парулеска

Изминатиов викенд на 07.10 2023 година во Плевен,соседна Бугарија, се одржа Таеквон-до ИТФ натпревар “ПЛЕВЕН 2023”за деца до 14 години, на кој имаше само една дисциплина спаринг –борби, каде учество зеде и нашиот најдобар Таеквон-до клуб “Хва Ранг ИТФ” Лескоец- Охрид.

На овај натпревар учество зедоја 21 клуб, со околу 300 натпреварувачи , на кој нашиот клуб учествуваше со 5 млади натпреварувачи под водство на Давид Крстески , кој е репрезентативец на М.Т.Т.Ф. еден од најдобрите и најтрофејни натпреварувачи, кој имаше чест да одбери натпреварувачи што ќе не претставуваат, со што покажа уште еден негов квалитет, при што неговите избраници не израдуваа со 1 златен 1 сребрен и 2 бронзени медали , што е повеќе од одличен успех за нашиот клуб. Само да напоменеме дека Бугарската Федерација е една од десет најдобри федерации во светот, со што изобилува со врвен квалитет на натпреварувачи, но тоа ни дава повеќе мотив да покажеме дека и нашите натпреварувачи можат да се носат рамо до рамо со најдобрите. Иако бевме скептици за овај натпревар , бидејќи нашите млади натпреварувачи го немаат искуството спрема нивната конкуренција, можеме да се пофалиме дека и во нив имаме потенцијални врвни натпреварувачи , што ни приредија пријатно изненадување освојувајќи 4 медали.

Миа Танеска на која и е идол Христијана Парулеска , натпреваруваше во категорија девојчиња 10-11 години + 50 кг, освојувајќи го првото место, со што покажа дека е доследна на својот идол.
Посебно изненадување на сите присутни на овај натпревар направи Давид Ристески, кој натпреваруваше во категорија машки 10-11 години -55 кг. иако најнизок во својата категорија, покажа невидена храброст и пожртвуваност , со што доби овации од цела сала, победувајќи во ¼ финале и ½ финале со технички нокаут, додека во финале загуби од многу повисок противник , со што се закити со сребрен медал.
Стефан Чулчески кој натпреваруваше во категорија машки 10-11 години -55 кг, кој беше во иста категорија со Давид Ристески и, беа најниски во категориите, во ½ финале загуби од шампионот во неговата категорија со што се закити со бронзен медал.


Бојана Китаноска натпреваруваше во категорија девојчиња 10-11 години -30 кг, освојувајќи го третото место.
Анастасија Трифуноска натпреваруваше во категорија девојчиња 12-13 години -50 кг, загуби ¼ финале поради негативни поени, и за жал не успеа да се закити со медал.
Ова беше одлично искуство за нашите млади натпреварувачи, изјавува Марјанчо Лазаревски , претседател на М.Т.Т.Ф. со што користи прилика да се заблагодари на Генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Општина Охрид и Агенцијата за Млади и Спорт за нивната несебична подршка, и ветува дека ќе работааат уште понапорно за да изградат врвни натпреварувачи и од овие млади надежни шампиони.