петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Проф. д-р Ристо Речкоски од ФТУ Охрид презентираше истражување на Светската конференција за туризам и угостителство во Виена, Австрија

Проф. д-р Ристо Речкоски од Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) Охрид, од 3-ти до 7-ми октомври 2023 година презентираше свое научно истражување на Светската конференција за туризам и угостителство во Виена, Австрија.

– 40-та Светска конференција за туризам и угостителство „Промена на реалностите. Нови можности“ се одржа во организација на EUROChrie асоцијацијата, Европска Федерација на професори од областа на туризмот и угостителството којашто опфаќа научници од Европа, средниот исток и Африка, а е дел од Светската Федерација на CHRIE. Професорот Речкоски презентираше свое научно истражување и во најдобра светлина ја претстави нашата институција, но и Република Македонија, како единствен учесник на овој настан од целиот балкански регион, информираат од ФТУ Охрид.

На овој глобален настан присуствуваа над 300 учесници од повеќе од 50 земји од сите континенти.

извор:ФТУ