четврток, ноември 14, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Љубица Бакреска од Велгошти е најстарата македонка која живее во Австралија, го прослави 100. роденден

Според австралиските медиуми најстарата македонка која живее во Австралија е Љубица Бакреска, родена на 7 октомври 1923 во село Велгошти , Охрид, Македонија.
Таа денес во просториите на македонскиот културен центар Илинден и во присуство на својата фамилија го прослави својот 100 роденден.
По тој повод Лубица доби поздравни телеграми од Кралот Чарлс, премиерот на Австралија Антони Албанези, генералниот гувернер на Австралија Давид Хурли, премиерот на сојузната држава Западна Австралија Роџер Кук, а од името на македонската амбасадорка во Австралија Билјана Стефановска-Сековска поздравната телеграма ја прочита почесниот македонски конзул Зоран Чосевски.
Љубица има 2 сина и една ќерка, 5 внуци, 10 правнуци и 6 пра пра внуци.
На прашањето во што е тајната на долг живот таа мирно одговори, редовно пеење  и сетање во природа.
fb Zoran Coseski