четврток, ноември 14, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Додека Мерко до црната листа го обвинува Охрид во Струга продолжува по брегот да се гради се и сешто

Додека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко го обвинува Охрид, во Струга на диво се градат објекти и плажи.
Во целост го пренесуваме соопштението од Охрид СОС:
Неодамна жители на Радожда реагираа за узурпација на селско место од страна на сопственик на хотел изграден на влезот од селото, кој узурпирал сè до езеро за изградба на паркинг и плажа. Ангажирана била механизација која го прекопала брегот и ја уништила целата трска. Испратија и фотографии.
Реагирале и до Државен инспекторат за животна средина, од каде побаравме да ни се проследи одговорот од извршениот вонреден инспекциски надзор. Надзорот го извршил Раководителот на инспекциските служби во Општина Струга Митко Куркутовски, воедно и Овластен инспектор за животна средина. На површина од 200м2 делумно имало поставен тампон од песок и бекатон плочка за уредување на просторот. Партерното уредување на земјиштето било во надлежност на Општината и врз основа на тоа било прекинато уредувањето на просторот и поднесено барање за партерно уредување на просторот. Правниот субјект поседувал елоборат за заштита на животна средина за гореспоменатиот хотел, одобрен од Општина Струга. Елаборатот не беше доставен на увид.
Не е познато дали сопственикот добил дозвола од Општина Струга за партерно уредување. Жителите повторно реагираа дека се уништува крајбрежјето. Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH во меѓувреме се пофали дека „Охридскиот Регион, со својата исклучителна универзална вредност, останува на светската листа на природно и културно наследство“ и дека „остануваме посветени на спроведување на препораките на УНЕСКО за зачувување на ова глобално богатство кое ни припаѓа на сите нас” како и дека „заштитата на природата и биодиверзитетот остануваат наша цел“. Како се врши таа грижа на терен и како се исполнуваат целите, говорат фотографиите,  велат од Охрид СОС.