На 4. Детска поетска манифестација „Детски гласови 2023“ – Ресен, одржана на убавиот христијански празник Вера, Надеж, Љубов и мајката Софија, младите поети од Гимназијата ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид се закитија со високи награди и се дел од збирката поетски творби, а со тоа чувствувајќи се навистина горд како ментор:
????Сара Петкоска, III-3 – Пофалница за прво место со песната „Татковината во срцата, во душите и во мислите“, пехар и ваучер за викенд во Преспа.
????Кјара Лазаревска, IV-1 – Пофалница за млад талент за творење со песната „Овената роза“.
????Наталија Секулоска, IV-1 – Благодарница за учество со песната „Долговековност“.
????„Големината е во нашата сила,
со која ја чуваме Татковинава, Македонијо наша мила.“
(Од „Татковината во срцата, во душите и во мислите“ – Сара Петкоска)
????„Жалам ангелу мој непреболен,
твоите рози овенаа заедно со твојот живот.“
(Од „Овената роза“ – Kjara Lazarevska)
????„Колку ли само поети пробале охридските води
да ги испишат со своите мастила на парче хартија?“
(Од „Долговековност“ – Наталија Секулоска)
????Пред поетското рецитирање имаше прекрасно дружење на поетите и менторите во преубавиот манастир „Свети Наум“ во с. Болно и заедничко искажување на пораката со цветната штафета на мирот.
Жарчињата стихови од детските гласови се визија која тлее кај младите поети кога сонуваат со отворени очи за свет во кој природата буди чувства чисти како солза, а душата им е богата како најголемото азно на цивилизацијата.
????????Честитки за одличната организација
на настанот од Здружение за граѓанска иницијатива во културата „ЖАР ПРЕСПА Ресен“ и секако огромна пофалба за м-р Даринка Веслиевска, за жири-комисијата, за младите водители, за спонзорите и за сите наградени и учесници, ишува во својата ФБ објава Перчо Божиноски.