Во преубавиот амбиент на манастирот Св. Спас, Горно Лакочереј, денеска ќе се одржи промоција на книгата од Отец Ристе Наумоски „Манастирот Св. Спас Горно Лакочереј, време, луѓе и настани“.
На настанот свое учество ќе земат и Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, Амбасадорот на руската федерација во Република Македонија Сергеј Баздникин, како и градоначалниците на општините Охрид, Вевчани и Дебрца, д-р Кирил Пецаков, Спасе Кочовски и Зоран Ногачески.
Промотор на книгата ќе биде Доц. д-р Никола Митровиќ- Бабе. Промоцијата ќе започне во 12:00 часот.