СДСМ Охрид тотално сте изгубени во својата неспособност и деструктивност, па не можејќи да се пофалите што сработивте сега ја напаѓате Локалната власт.
Затоа ќе ви посочиме неколку факти, па доколу имате капацитет истото ќе го сфатите:
Повеќе од два месеца никако да стигне мислењето од Националната комисија за УНЕСКО при Министерството за култура, за да може да се издаде одобрение за градба и да се распише тендер за изградба на плоштадот „Крушевска Република“.
Истата Комисија ја кочи Катната гаража барајќи повеќе пати да се измени проектот кој се измена, ама сѐ уште се чека мислењето.
Министерството за екологија никако да го издаде одобрението за изградба на канализација во Трпејца.
Фамозната Комисија не издава одобрение ниту за канализација во Горно и Долно Лакочереј.
Министерството за образование и наука немаше укинато паралелка уште во ОСУ „Свети Климент Охридски“ и тоа ѝ го направи на Гимназијата.
Градоначалникот Д-р Кирил Пецаков и Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата има за цел по 30 години да ја раздолжи Општина Охрид и сметката да биде одблокирана.
Не да сте закочени, туку потонати сте на самиот крај од мандатот бидејќи ништо немате реализирано од вашите ветувања за Охрид како најнеспособна централна власт.
Охрид со ВМРО-ДПМНЕ се гради и се случуваат промени, но ве прашуваме до каде ви се ветените проекти пред четири години пред охриѓани:
Модерниот здравствен центар?
Изградбата на автопатот Кичево-Охрид?
Рехабилитацијата на патот Охрид-Свети Наум?
Медицинската опрема за осовременување на болницата „Св. Еразмо“?
Целосната реконструкција на Гимназијата?
Реконструкцијата на угостителското училиште и ученичкиот дом?
Изградбата на затворениот пливачки базен?
Изградбата и санацијата на Колекторскиот систем?
Охрииѓани го знаат одговорот:
До никаде!
СДСМ Охрид си играте со судбината на охриѓани кои за брзо ќе ве казнат катастрофално на избори исто како што ве казнаа на локалните за вашата неспособност.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид
ОК ВМРО ДПМНЕ: СДСМ Охрид ниту работи и гради како централна власт, само и ги кочи проектите на Локалната самоуправа
Редакцијасептември 23, 2023
posted on