Велат дека човек се чувствува свој на своето, кога е во опкружување на луѓе со кои ја дели истата професија.
Денес јас ја имав честа како ваш колега и како домаќин, во свое име и во името на граѓаните на Охрид да ви посакам топло добредојде во Охрид и успешна работа на Меѓународниот Симпозиум – „Современа парадигма во оралната и имплантната хирургија – Помалку е повеќе“.
Верувам дека на вашиот научен собир, новите сознанија и размената на искуства, ќе придонесат за појасна визија за стоматологијата во 21 век и за насоката кон кој треба да се движи оваа гранка од медицината, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.