АктуелноМагазинНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Македонката, со охридско потекло – Барбара Поповиќ ги испеа двете химни на Македонија и Италија

Македонката, со охридско потекло по мајка-Барбара Поповиќ, ќерка на актуелната директорка на фестивалот Охридко лето – Наташа Поповоќ, на стадионот во Скопје пред натпреварот во фудбал помеѓу Македонија и Италија ги испеа двете химни на Македонија и Италија. Таа е дипломиран оперски пејач во класата на Весна Гиновска Илкоска.  Ова е втор пат Поповиќ да пее на Стадион химни и тоа акапела.

фото: Барбара Поповиќ со легендата Буфон

Барбара сега има 23 години, а како тинејџерка ја претставуваше Македонија на детската песна на евровизија.
Барбара својата музичка кариера ја започнала од 6 години. На возраст од 6 до 10 години учествува на реномираниот детски фестивал Супер Ѕвезда со песната „Бонџорно“ напишана од Калиопи и со други песни.На овој фестивал продолжила да настапува до 10 годишна возраст, со други песни напишани од Јован Јованов, Дарко Димитров и Драган Мијалковски.

Од шест годишна возраст го изучувала пијаното во музичкото училиште „Илија Николовски Луј“.

По кратка пауза, се вратила на сцената на Макфест 2018, настапувајќи со песната “Не си ти крив”.

Барбара има добиено повеќе наград и признанија, апсолвент е на соло оперско пеење и има договор со белградската телевизија IDJTV, а соработува и со Дарко Димитров.

Во моментов влезена е во полуфинале на IDJ Videos телевизијата во Белград и се подготвува за настап на Сан Ремо.

поврзани вести: (ВИДЕО) Барбара Поповиќ која има охридско потекло не изненади со нова пасна и веќе добива симпатиите од публиката

Медиумите во Италија пишуваат за овој настан.