АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Санкции за 14 возачи кои возеле над двозволеното

На 08.09.2023 година од 13.00 до 19.00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале и санкционирале 14 возачи кои во и надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.

 

Притоа, за сторениот прекршок надвор од населено место се санкционирани 6, а во населено место 8 возачи.

 

Во Струга, пак, затекнати се двајца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.

 

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.