АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Опозицијата во Советот побара капитални проекти, Донев вели се, со месеци е закочено кај комисија на УНЕСКО“ при Владата во Скопје

Опозицијата  во советот на Општина Охрид на вчерашната седница побара локалната Власт да се насочи на капитални проекти.

-Време е за големи проекти. Ги очекуваме ветените проекти од предизборната кампања, како катна гаража, плоштадот Крушевска Република, велосипедска патека, а овие мали проекти кои сега ги правите нека бидат придружни, истакна советничката од СДСМ, Живка Ангеловска.

На ова одговор даде претседавачот на советот Сашо Донев.

– Ќе ве замолам како политичка партија која е централна Власт да ни помогнете во реализацијата. Крушевска Република – повеќе од два месеци го чекаме мислењето од комисијата за УНЕСКО.Проектот е повеќе пати изменат, а ја очекуваме согласноста од стручната комисија од министерството за култура за да можеме да издадеме одобрение за градба и да распишеме тендер за изградба на еден од поголемите проекти.

-Катна гаража – Комисија за УНЕСКО, бараа повеќе пати да се измени проектот им сметаа деловните простории во истиот објект кои беа предвидени за да има економска оправданост инвестицијата и не се согласуваа на истите. Нашите напори беа за џабе, бараа да се тргнат деловните простории ги тргнавме и сеуште чекаме мислење од комисијата за УНЕСКО.

-Канализација Трпејца , сеуште чекаме одобрение од министерство за екологија. Да ова беше наше ветување, после 30 години изработивме проект, доби одобрение за градба, обезбедивме средства од централната власт, дополнителни средства ќе обезбедиме со буџетот за 2024 година и тие градежни активности се надуваме дека ќе ги изведуваме преку ЈП Ниско градба, но чекаме одобрение од министерство за екологија.

-Канализација Горно и Долно Лакочереј – Изработен проект, добиено одобрение за градба обезбедени средства од министерство за животна средина, а ќе се потрудиме да ги обезбедиме дополнителните средства, за да го реализираме целиот проект. Ова се четири големи проекти кои ако комисијата за унеско ќе можеме да ги започнеме постапките за објава на тендери и да избериме изведувачи.

 

 

извор: Охрид 1