АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Повредени пет лица во сообраќајна незгода помеѓу селата Врбјани и Сливово

На 29-ти август 2023 година, во 08:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Врбјани и Сливово, во која се повредени пет лица.

Во незгодата учествувале патничко моторно возило марка „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(48) од скопското село Долно Свиларе, кое излетало од патот. По несреќата, возачот Б.М. и двајца малолетни сопатници од истото село биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза, а сопатниците Х.М.(44) и еден малолетник, двајацата од селото Долно Свиларе, биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Притоа, на Б.М., Х.М. и двајца од малолетниците им биле констатирани тешки телесни повреди, а на еден малолетник му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

 

 

мвр