четврток, ноември 28, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Нека е честит Меѓународниот ден на младите!

Зборовите ги преточуваме во дела!
Заедно со мојот тим како раководство на Локалната самоуправа, немаме дилема околу поддршката на младите луѓе и младинските политики.
Гордо можам да кажам дека Општина Охрид е единствената општина во Република Македонија што издвојува најмногу финансиски средства за поддршка на младите и младинските политики. Тоа го покажува и најновото истражување на ВФД, а кое е поддржано од Британската амбасада. Иако законскста обврска е општините да издвојуваат финансиски средства за поддршка на младите во износ од најмалку 0,1% од расходите на општината, единствено Охрид има исплатено повеќе од 0,1% кон младинското организирање.
Воедно Општина Охрид е и една од ретките општини во Македонија каде е формиран Младински центар и Локален совет на млади и притоа да функционираат со полна пареа.
Но, сето ова е само почеток кон идните поддршки и реализација на проекти од интерес на младите.
Нека е честит Меѓународниот ден на младите!
-пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.