четврток, ноември 28, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Покрај Сончарката, во Охридското Езеро снимено уште едно инвазивно и штетно животно – црвеноушеста желка

Инвазивни и штетни видови риби во Охридско Езеро.  Покрај Lepomis gibbosus – Сончарката, која е снимена од познатиот нуркач од Охрид , Никола Паскали, сега Нуркачкиот Центар „Акватек“ објави уште едно видео на кое се гледа црвеноушеста желка.

Црвеноушеста желка (науч. Trachemys scripta elegans) — полуводна желка од семејството на блатните желки (Emydidae). Ова е подвид на истоимената црвеноушеста желка (T. scripta) и претставува најпопуларна желка-миленик во светот. Присутна е како домородно животно во САД и северно Мексико, но денес ја има и на други места поради пуштање во дивина од сопственици. Во многу подрачја важи за инвазивен вид, каде се наметнува врз домородните видови и спаѓа во 100-те најнаметливи доведени видови во светот според Меѓународен сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN).

Оваа желка е речиси сосема водно животно, освен кога се сонча и кога положува јајца. На копно е прилично брза, а исто така е и добар пливач. Ловат плен и се обидуваат да го фатат, кога е можно. Се труди да избегне средби со грабливци и луѓе; кога ќе видат непријател, му бегаат со нивното познато „слизнување“.

Овие желки се сештојади: се хранат со риби, ракови, со мрша, полноглавци, полжави, разни инсекти и водни растенија. При што младите единки се многу посклони на грабливост од возрасните: како што стареат, желките сè повеќе се хранат со растенија, а сè помалку со месо.

 

Видео: НЦ Акватек

 

Поврзани вести: (ВИДЕО) Познатиот нуркач Никола Паскали сними инвазивни и штетни видови риби во Охридско Езеро