Охрид ја забелажува една од најуспешните туристички сезони. На социјалните мрежи можат да се забележат различни коментари. Од оние кои се жалат дека им е скапо, до оние кои се воодушевени од градот. Се разбира се зависи од тоа кој како ги перцепира работите. Оние првите очигледно се дојдени за журки, а другата група точно ја согледуваат вредноста на она што го поседува Охрид.
„Колку време имам слушнато за Охрид, мои луѓе, не знам дали ми кажаа повеќе за него или фантазирав да го посетам. Имав малку страв пред да дојдам овде да бидам искрен, затоа што толку многу го идеализирав во моите очи, но на крајот излезе дека е уште поубав отколку што сонував.
Документарно видео од ова место наскоро ќе биде достапно на мојот канал на YouTube“, напиша на својот ФБ профил Робер Дачешин. .
извор: Robert Dacešin