Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Собрани 76 крвни единици на крводарителската акција Плаошник 2023

????Во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид, во спортската сала во OОУ „Св. Климент Охридски“ на 8ми и 9ти август се одржа традиционалната крводарителска акција-Плаошник 2023 по повод празникот Св. Климент Охридски.

????????На крводарителската акција беа собрани 76 крвни единици меѓу кои и неколку дарители кои за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.

????????Им благодариме на крводарителите кои ја искажаа својата хуманост дарувајќи крв.