Во пресрет на триесет и петтото издание на „Поетска ноќ во Велестово“ в сабота на 12 август од 13:00 часот на сретсело во Велестово, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.
Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.