четврток, ноември 28, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Свадбена фотосесија во Св. Наум

Св Наум, многумина знаат да кажат дел од рајот. Овој манастирски комплекс, не само што се користи за одмор на душата, често се користи и како место за фотосесии, најчесто се одбира како локација за свадбени фотосесии. Денеска објективот на Охрид 1, токму тука забележа младенци кои за да го одбележат најубавиот ден од својот заеднички живот го одбрале Комплексот Св Наум.

Инаку свадбени фотосесии во манастирскиот комплекс прават не само македонци, туку тука доаѓаат и младенци од Албанија.

Гостите во комплексот застануваа и ги гледаа младите, а една од присутните рече:

– Кога јас ќе се мажам сакам да се сликам во св Наум – Охрид.Заради целиот овој шмек романтичен.Ова можеби е и најубавото место во Македонија.Идеално за фотосесија, посебно делот од езерото што е зад црквата св Петка.Прекрасно е. За мене е многу битен момент местото на кое е создадена фотографијата.

фото и видео: Охрид 1