АктуелноОхрид

Таблети, прашкаста материја и марихуана пронајдени кај лица од Свети Николе, Велес и Скопје во охридската касарна

Во два одвоени сличаи, полицијата пронајде таблети, прашкаста материја и марихуана кај лица од Свети Николе, Велес и Скопје во охридската касарна.

На 4-ти август 2023 година, во 23:35 часот во кругот на поранешна касарна во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција лишиле од слобода едно 26-годишно лице од Свети Николе и 27-годишник од Велес затоа што кај нив биле пронајдени и одземени таблети и розова прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во друг случај, на 5-ти август 2023 година, во 00:30 часот во кругот на поранешна касарна во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција лишиле од слобода 38-годишно лице од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: МВР