АктуелноОхрид

(ФОТО) Градоначалникот се сретна со Италијанскиот амбасадор, Франка Винчензи Маркулеска доби орденот за заслуги „Ѕвезда на Италија“

Средбите со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри ни се секогаш срдечни и плодотворни. Разговаравме за туристичката сеозна и можноста за промоција на туристичката понуда на Охрид пред италијанскиот пазар, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Согласни сме дека пилот проектот за изучување на италијански јазик во основните училишта помина одлично и затоа се планира оваа година тој да се надогради.
Амбасадорот истакна дека ќе вложи напори за повторно активнирање на авиолинија од охридскиот аеродром до Италија.
Голема чест ми укажа амбасадорот со тоа што бев домаќин на доделувањето на орденот за заслуги „Ѕвезда на Италија“ на госпоѓата Франка Винчензи Маркулеска.
Во мое лично име и во името на Општина Охрид и честитам на госпоѓата Франка и на нејзното семејство.

извор: ФБ Кирил Пецаков