АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Сообраќајка на улицата „15-ти корпус“, се судрија патничко возило и моторцикл

Сообраќајна незгода се случи денеска, околу 15:30 часот на улицата „15-ти Корпус“, наспроти ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид.

Според првичните, неофицијални информации, во незгодата пред ресторанот „Панорама“ учествувале патничко моторно возило и моторцикл.

Читатели на Охрид 1 пак информираат дека колони автомобили чекаат на влезот од Лескоец према Охрид.

фото: Охрид 1