АктуелноОхрид

„Вкусете го Охрид – локално“ на 29 јули на плоштадот кај Долна Порта

Слоу фуд Охрид по вторпат ќе го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“ на 29 јули на плоштадот кај Долна Порта. Посетителите ќе може да вкусат охридски специјалитети приготвени на традиционален начин.

Слоу Фуд-Охрид е дел од слоу Фуд Македонија и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.

Слоу Фуд замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична.
ДОБРА: квалитетна, вкусна и здрава храна.

ЧИСТА: производство што не штети на животната средина.

ФЕР: достапни цени за потрошувачите и правични услови и плаќање за производителите.
Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ е организиран од движењето „Слоу Фуд“ Охрид со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“ .

Ве очекуваме во сабота 29 јули во 19 часот.