АктуелноОхрид

(ФОТО) Се гради тротоар на булеварот Св. Наум Охридски

Се гради тротоар на булевар на Св Наум Охридски. Помеѓу тротарот и булеварот останува еластичната ограда за безбеност на пешаците.

Инаку Охриѓани оваа делница, не често ја нарекуваат булевар на „смртта“, затоа што има однесено десетици жртви. Овој патен правец е редовно во полицискиот билтен поради случени трагедии.

Гостите често се во заблуда мислејќи дека возат по автопат па ја прекорачуваат дозволената брзина, но  станува збор за булевар и населено место, каде ограничувањето на брзината е 60 километри на час.

Граѓаните прашуваат зошто конечно некој не разбере дека тука треба да има успорувачи на брзина за да се запрат трагедиите кои се случуваат со години.

 

извор: Охрид 1