понеделник, ноември 18, 2024
АктуелноОхрид

Поради настанат дефект на водоводната мрежа неколку часа без вода ќе бидат корисниците во с.Лескоец

Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 160мм ) денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците во с.Лескоец . Бидејќи истиот е настанат на непристапен терен интервецијата може да се пролонгира.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до завршување на санацијата.
Поради реакции на граѓани од недостиг на вода за пиење, ЈП ВОДОВОД Охрид испраќа апел до сите корисници посебно во населбите од околината на Охрид каде што има земјоделски површини, во најавениот период со зголемени температури да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа, за наводнување на паркови и земјоделски насади.

извор: ЈП ВОДОВОД Охрид