АктуелноОхрид

Денес кај Долна Порта „Ракија базар“, меѓу учесниците и членови од Слоу Фуд Охрид

Денес кај Долна Порта ќе се одржи првиот „Ракија базар“ во Охрид во организација на здружението Македонски Дестилерии.

На фестивалот ќе земат учество преку 25 семејни дестилерии со преку 50 етикети на квалитетни ракии, вињаци, ликери… Сите излагачи- дестилерии се регистрирани во регистерот на производители.

Со оглед дека голем дел од дестилериите се и регистрирани семејни винарии предвидена е дегустација и на вина.

Настанот е поддржан и од Слоу Фуд Охрид и на него ќе бидат претставен и вината од Monastery Winery, специјалитетите од Пирустија Неданоски, локалните специјалитети на Sezer’s Organic Farm, лебовите на Весна Миленкоска, макалото од Papas Food Ohrid, Будимир со коњакот “Premium brandy”, Винарија Мал Св.Климент и Сања Бачевски.

„Ракија базарот“ ќе започне во 16 часот.