АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Осма Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во Опеница

Во Манастирот „Свети Кузман и Дамјан“ во селото Опеница, вчера се одржа 8. издание на Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“.

– Осмата меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ е симбол за творечкиот напор и ангажираноста на поетските души, но и обврска за континуитет во поетската и културна ризница на Охрид.
Поезијата е незамислива без поетите, но и без читателите. Читателот најсилно се чувствува преку интересот за поетската творба на авторот. Песната вистински живее само тогаш кога има и додека има читатели. Поетите создаваат за нив. Колку повеќе читаме и пишуваме, пееме и рецитираме толку повеќе сме поддржувачи на македонската поезија и на поетските манифестации, порача заменик градоначалникот Перчо Божиноски.

Манифестацијата има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Република Македонија.

Организатор на манифестацијата е Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер” и е дел од културните манифестации во Програмата за активностите на Општина Охрид во областа на културата за 2023 година.

 

 

ohridpress.mk