АктуелноМакедонијаНаш изборНаш Избор

Мерко вчера ја откажал манифестацијата „Ден на езерото“

Доцна синоќа од како јавноста беше запознаена дека Рамиз Мерко е ставен на црната листа на САД од неговиот кабинет испратиле допис до сите поканети дека се откажува прославата на „Денот на езерото“ која требаше да се одржи денес во Струг, па така прв пат после 23 години, оваа година прослава е откажана.

Зошто се откажува прославата на која годинава е домаќин Струга, ако е на Црна листа заради корупција ставен Рамиз Мерко ? Езерото и народот не се на Црна листа, што е криво езерото ако на Мерко го ставиле на црна листа ? – прашуваат екологистите и потсетуваат дека се чудат зошто не регира и ДУИ која сама себе се прогласи за еколошка партија.

Во меѓувреме опозициските партии бараат негова оставка, ДУИ молчи не кажува дали ќе го исклучи и дали ќе побара оставка, а јавноста се прашува што правеле 20 години истражните органи ?

Ohrid1.com

Фото: Архива