Со тага и неверување ја примив денешната вест за смртта на Љубен Стојкоски, долгогодишен секретар на општина Дебрца.
Пријателе, немам зборови за овој момент, само најдобрите спомени за Тебе вечно ќе останат во мојот ум и срце.
Во мое име и во име на вработените на општина Дебрца до семејството испраќам изрази на најдлабоко сочуство.
Нашето сочувство и молитви нека Ви донесат утеха и нека Ви ја олеснат болката поради оваа загуба.
Знам дека е тешко да се поверува дека тој повеќе не е со нас, но запомнете дека она што го одржуваме живо во нашите срца и во нашите спомени никогаш нема да умре.
Нека Ти е вечна слава, напиша во објавата градоначалникот на општина Дебарца Зоран Ногачески.