Наш ИзборНаш изборОхрид

Холанѓанец со мотоцикл излетал од коловозот на кружна крстосница во Струга, тешко повредена сопатничката

На 13.06.2023 во 14.30 часот, на кружна крстосница од улиците .„Партизанска“ и „Маркс Енгелс“ во Струга, Ј.Ц.В.Р.(72) од Холандија, управувајќи мотоцикл „хонда“ со холандски национални ознаки и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ц.В.Р.(72) од Холандија констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од полициската станица Струга.

извор: СВР Охрид