Наш ИзборНаш изборОхрид

Моторциклист повреден во сообраќајна несреќа на ул.„ЈНА„ во Струга

На 13.06.2023 во 12.45 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на ул.„ЈНА„ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39 годишен охриѓанец и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од 44 годишен  Прилепчанец, со место на живеење во Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот  констатирани во Специјална болница “Св.Еразмо“ во Охрид. Увид иззврши увидна екипа од полициската станица Струга.

 

извор: СВР Охрид