На ривиерата пристигнаа првите гости од Холандија,но прашање е кој ќе ги опслужува? Хотелиерите имаат потреба од илјадници вработувања,дури над 30 хотели од Охрид и Струга пријавиле недостаток на персонал, нема келнери, кувари,помошен технички персонал, нема нити кој да ги прими гостите бидејќи нема нити рецепционери. Првиот човек на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, спокоен-очекувал повеќе од пола милијарда долари промет во туристичката индустрија во македонската економија,а кадар не дека немало, туку имало снемано.
“Проблемот со човечките ресурси не е само кај нас, не е само во туристичката индустрија туку во повеќе економски гранки.Ова е рефлексија можеби на периодот кој што е позади нас,последните 10 години недоброто менаџирање во туристичката индустрија, пред се зборувам кога се човечките ресурси во прашање”-вели Љупчо Јаневски.
Министерството за внатрешни работи на Хрватска објави дека над 4000 македоноски граѓани од земјава,а голем дел од Охрид добиле дозвола за сезонска работа во Хрватска.
“Хрватска е магнет за многу луѓе, таму одат и работат за нешто поголема плата,меѓутоа работат по 12 часа дневно, без слободен ден, во лоши услови и некои потоа се разочарани и се враќаат назад, меѓутоа тоа е секој еден човек сака подобро во својот живот-велиВаско Коциро,македонскии тур оператор.
Недостатокот на кадар и квалитетна услуга, го воочија и странските тур оператори.
“Една од работите кои треба да ги надраснеме и на кои треба заедно да работиме, е потребата од подобрување на квалитетот за да бидете конкуренти со другите дестинации.За ова ќе разговараме и со нашите овдешни партнери во хотелиерството “- Аријан Керс,холандски тур оператор.
Извесно е дека ова лето хотелско –угостителските објекти ќе се потпрат на деца од 16 годишна возраст и на студенти кои ќе покажат волја да работат сезонски. Вработените во угостителскиот сектор се соочуваа со ниски плати, неисплатени часови прекувремена работа, нивниот труд не се вреднуваше-сето тоа не доведе во ваква безизлезна ситуација. Социјалните мрежи ги полнат огласи за вработување на кејнери и шпанкери за плата од 40.000 денари.
alfa.mk